Сојузот на пензионери ја поздрави иницијативата за бесплатно скијање
Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска ја поздрави иницијативата на ски-центарот „Заре Лазаревски“ – Маврово за бесплатни карти за скијање.
- Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија цени дека ова е убава можност за сите пензионери кои се активни во зимските спортови. Како и секаде во светот, така и во Република Македонија, има многу пензионери кои активно спортуваат, па дури и за време на зимата, практикувајќи го белиот спорт. Како највозрасни граѓани, сметаме дека заслужуваме вакви и слични поволности во насока на подобрување на нашиот живот во третото животно доба, соопшти Сојузот во дописот до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа