Антиќ најдобар стрелец во Аталанта со постигнати неверојатни 16 поени
Првиот Македонец во НБА лигата Перо Антиќ, на вчерашниот натпревар помеѓу неговиот тим Аталанта Хокс и Голден Стејт Вориорс се покажа како најдобар стрелец на натпреварот со постигнати неверојатни 16 поени. Антиќ вчера првпат беше во почетната петорка на неговиот тим и не ја пропушти шансата и веднаш се истакна прецизните удари за три поени, постигнувајќи четири од шест обиди, како и уште седум скокови, во вкупно 27 минути поминати на теренот во Атланта.
“Уште се прилагодувам на играта. Никогаш не сум играл на оваа позиција во мојата кариера. Имаме многу стрелци во тимот, јас само се обидувам да ги соберам топките, да играм добро во одбраната, да ги отворам соиграчите и да се обидам да погодам кога ќе имам отворена можност за шутирање. Се што е потребно да победиме”, изјавил Антиќ по натпреварот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа