Лекарската комора го осуди нападот врз екипата на Итната медицинска помош

Лекарската комора на Македонија денеска реагираше на нападот на екипата на Службата за итна медицинска помош за новогодишните празници во Скопје. Од лекарската комора бараат случајот што побрзо да биде истражен и затворен.

- Во законите кои ја регулираат дејноста на докторот да се стават и членови кои ќе го штитат докторот од евентуални напади, изјави Кочо Чакалароски, претставник на Лекарската комора. Тој апелира до властите и до МВР на некој начин да ја обезбеди работата на екипите барем на тие што се експонирани. На пример, во секоја екипа да има по еден член на некоја агенција за обезбедување лица, која е стручна и овластена да заштити.

Можноста за инциденти со пациентите е помала, вели тој, во болниците и здравствените домови, но сепак е потребно обезбедување. 

- Но, кога ќе соопштите дека некој близок од семејството починал тогаш често пати луѓето можат да направат и сериозен прекршок, а ќе се извадат на моментот дека биле во момент на редуцирана свесност, изјави Чакалароски.

Исто така, Чакалароски се обрати и на лекарите и посочи дека никогаш со пациентите или семејствата не треба да бидат арогантни и да разговараат на повисок тон.

Инаку, во текот на изминатата година се случиле четири напади на Итната медицинска помош три во Гостивар и еден во Скопје. 

03.01.2014 - 13:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега