Тргнал да запали свеќа за покојниот син - со автомобилот усмртил две лица
Трагедија се случила на 30 декември кога 35-годишниот Данило Срдиќ и 37-годишната Ивона Крстиќ излегле на прошетка, а во нив удрил 60-годишниот Милорад со својот автомобил.
-Ивона и Данило беа најдобри пријатели. Таа вечер излогоа на прошетка и повеќе не се вратија. Во една секунда не напуштија и двајцата. Незнам како понатаму ќе продолжиме без нив, изјавил за српски Курир, еден од пријателите на Ивона.
Како што пренесува српскиот Курир, возачот во крвта имал повеќе од 1,2 промили алкохол, а со својот Џип тргнал да запали свеќа на местото каде што загинал неговиот син на 30 декември 2010 година.
-Данило на прошетка ја повикал и неговата сопруга Зорана, но таа неможела да им се придружи, бидејќи останла дома со синот. Не сакам ни да замислам што ќе беше ако и таа излезеше со нив во кобната вечер, рекол пријателот на загинатата.
Милорад на сослушувањето повторувал дека е убиец и дека се обидел да им помогне на загинатите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа