Поранешниот југословенски агент Перковиќ пренесен во затворска болница

 

Хрватскиот сајт Индекс објави дека поранешениот југословенски и хрватски разузнавачки агент Јосип Перковиќ, баран во Германија за учество во убиство на дисидент, е пренесен во затворска болница.

Адвокатот на Перковиќ Анте Нобило изјави дека тој ќе ја обжали одлуката за екстрадиција во Германија, а постапката може да трае околу 14 дена.

“Една од причините поради кои Перковиќ ќе ја обжали одлуката е тоа што не верува дека ќе добие праведен судски процес во Германија”, изјави адвокатот на Перковиќ.

02.01.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега