Штрајк во Грција поради воведувањето цивилна мобилизација
- Синдикатот на држаните службеници АДЕДИ за денеска закажа 24-часовен штрајк како одговор на Владата за воведување на цивилна мобилизација.
За време на денешниот штрајк училиштата нема да работаат, а отежнат ќе биде и превозот.
Претходно грчката Влада, предводена од конзервативците, воведе цивилна мобилиација за наставниците за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, што ќе се оддржат од 17 до 31 мај.
Владата третпат годинава Владата презема таква мерка, што е предвидена во случај на природна катастрофа или национална криза. Портпаролот на Владата Симос Кедикоглу изјави дека Владата ја донела одлуката затоа што е тоа нејзина „морална обврска“.
Синдикатите на наставниците планираа на 17 мај да почнат штрајк со почитување на минимум од процесот на работа. Тие се незадоволни од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.
Владата почна да врачува наредби за цивилна мобилизација за околу 85.000 наставници, што стапува во сила в среда.