Бериша ја почна изборната кампања

 

Албанската владеjачка партија синоќа на плоштадот „Мајка Тереза“ во Тирана, со голем митинг и официјално ја почна изборната кампања за парламентарните избори закажани за 23 јуни, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според албанскиот изборен законик избрната кампања официјално почнува 30 дена пред денот на изборите и завршува 24 часа пред денот на изборите. Тоа значи дека ДП, на актуелниот премиер Сали Бериша ги крши одредбите од законот за избори, според кои официјално изборната кампања треба да почне на 24 мај.

На митингот на кој присуствувале десеттици илјади граѓани, главно членови и симпатизери на изборната коалиција „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ која ја сочинуваат 25 партии, меѓу нив и Македонска алијанса за европска интеграција, биле презентирани и повеќе кандидати кои ќе се тркаат за пратенички мандат, меѓу нив и поранешните социјалисти, Кастриот Исљами и Аслан Доѓани. Првиот поради несогласување со лидерот Еди Рама беше исклучен од партијата, а вториот ја напушти неа поради коалицијата на Рама со Илир Мета.

Носител на листата за Тирана е партискиот лидер Сали Бериша, за кого, како што рече во обраќањето кандидатите на коалицијата ќе бидат идни пратеници кои ќе бидат во служба на народот. Тој побара од народот на 23 јуни да гласаат за западната вокација.

- Избрите од 23 јуни за секој албански граѓанин се големи избори. На 23 јуни граѓаните на Тирана се поканети да одлучат за алтернативата за моделот на нивната западна вокација. Овие мажи и жени кои се пред вас се полиитчка сила на коалицијата за работа, благосостојба и интеграција. Албанци и Албанки, граѓани на цела Албанија, 23 јуни е голем избор, -порача Бериша, убеден во изборен триумф и на овие избори.

Набројувајќи ги успесите на сите полиња на коалицијата која е на власт во изминатите осум години, тој вети уште поголеми успеси, огромни директни странски инвестиции и стотици илјади враборувања. Бериша го искритикува неговиот политички опонент Рама, најмногу дека тој е главниот виновник за стопирањето на влезот на земјата во ЕУ, поради неизгласувањето на трите важни закони кои ги бара Брисел од Албанија.

Митингот заврши со концерт. 

најчитано сега