Грција: Едно евро за издавање лекови на рецепт

 

Министерството за здравство на Грција објави мерки со кои до крајот на годината во буџетот на земјата се очекува да влезат 115 милиони евра.

Мерките предвидуваат аптеките во земјата од денеска да наплаќаат по едно евро за издавање лекови на рецепт, а осигурениците да плаќаат еднократна такса од 25 евра за прием во државна болница.  

Фармацевтите сметаат дека плаќањето на такса за издавање на лекови на рецепт ќе ги претвори во „инкасатори“, а лекарите предупредуваат дека мерката ќе ги погоди хронично болните, бидејќи имаат потреба од повеќе лекови на рецепт.

Според новата мерка за секои шест лекарства осигуреникот ќе плаќа по две евра, а за девет лекарства таксата за рецептот ќе изнесува три евра.

Такасата од 25 евра за прием во државна болница нема да важи за финансиски немоќните, хронично болните, инвалидите, војниците и затворениците. 

02.01.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега