Австрискиот амбасадор Памер во Струмица: Разговор за развој, европски проекти и политички предизвици
Амбасадорот на Австрија во нашата земја, Мартин Памер, денеска беше во посета на Општина Струмица и притоа се сретна со градоначалникот Костадин Костадинов.
Веста за посетата на амбасадорот ја објави Костадинов на неговиот фејсбук профил, наведувајќи дека убава и привлечна е Струмица, има што да понуди и што да се види во неа.
-Го запознав со сите карактеристики на нашата Струмица, нејзиниот развој, проектите кои го забрзуваат нејзиниот прогрес, а кои се реализираат по европски терк, како што се јавниот електричен превоз, со што сме првата таква општина на Балканот, „Струмица – Вело град“ и уште многу други, но и за игнорантскиот однос на власта кон Струмица и нејзините граѓани, напиша Костадинов.
На крајот струмичкиот градоначалник додаде дека со амбасадорот Памер разговарале и за можностите за соработка, но и на актуелни политички теми и македонските предизвици на патот кон ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа