Гостиварчанец преку ноќ осиромаши за 61 илјади евра

 

Гостиварчанец од селото Градец синоќа си остана без 61 илјади евра. Според податоците од полицијата, 67-годишниот С.Ш. останал без пари и злато откако засега непознат сторител насилно отворил прозорец од домот, влегол, извршил пребарување и земал 1.700 евра и златен накит вреден околу 60.000 евра.

Полицијата работи на случајот.

02.01.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега