Георгиевски: Илинден станува современо место за живеење

 

Во синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува со вашиот градоначалник“, гостуваше градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој говореше за развојот на општината, бидејќи од рурална општина таа полека станувала модерна и урбана општина. Тој појасни дека акцент бил ставен во комуналната, спортската и образовната инфраструктура.

„Отворивме комплетно ново основно училиште со целодневна настава за децата од прво до трето одделение, нов спортски комплекс со атлетска патека во должина од 200 метри, како и трибина за истиот комплекс, во секое населено место имаме детски паркови, изградивме и нов дел во детската градинка за најмалите односно јаслите, летен камп за најуспешните 50 ученици во еден од нашите туристички места, изградивме нов здравствен дом кој е во завршна фаза и за брз период треба да е во функција, работиме и на формирање на нов мини стадион во Илинден“, истакна Георгиевски, во однос на дел од проектите кои се изработени во општина Илинден.

Георгиевски го истакна предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ во однос на помош од страна на Владата за општините, за кое што рече дека е од голема помош, како за Илинден, така и за секоја една општина во Македонија.     

„Ова е уште едно предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кое што стана реалност. Ваква градежна офанзива и вакви средства кои се директно дадени на локалните самоуправи, не паметам некогаш да имало. Ние како општина Илинден бевме една од општините која што меѓу првите аплицираше на двата повика од Владата и на сите проекти бевме прифатени“, појасни Георгиевски.

Градоначалникот за крај додаде дека дел од проектите кои ги имаат реализирано се за прв пат направени во општината.

„За прв пат имаме субвенции за новороденчиња, за прв пат имаме субвенции за велосипеди, за прв пат имаме субвенции за инвертер клими, субвенции за индивидуални спортисти, во дел на зелената агенда, засадивме над 100 илјади садници. И ова се исто така дел од проектите кои ги имаме реализирано и продолжуваме да работиме за граѓаните“, заклучи Георгиевски.

08.05.2025 - 10:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега