Дедо од Македонија отишол да се запознае со девојка во Белград – го претепале и ограбиле
Осумдесетгодишен државјанин на Македонија бил жртва на грабеж и физички напад во Белград пред три дена, откако, според неговите изјави, бил намамен преку интернет. Настанот се случил по претходна комуникација со жена, која, наводно, ја запознал преку социјалната мрежа Фејсбук.
Како што објаснил за српската полиција, тој пристигнал во Белград и резервирал хотелска соба, а потоа се упатил во еден од градските паркови каде што требало да ја сретне девојката со која бил во контакт.
Меѓутоа, наместо договорената личност, на местото на средбата се појавила група мажи кои го нападнале, го претепале и му одзеле пари и лични предмети.
Македонецот по нападот побарал медицинска помош и случајот веднаш бил пријавен во надлежните српски органи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа