Трагедија на македонските патишта: Загина едно лице

 


Вчера во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „Форд” со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот.

Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош – Штип. Известен е надлежен ЈО, а увид извршила увидна екипа од СВР Штип.

04.05.2025 - 14:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега