Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е уставно, но не треба да се злоупотребува за политички цели

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање за најавените протести на ДУИ рече дека правото на протест е уставно загарантирано но не треба да се злоупотребува.
-Прво дозволете да кажам дека сметам дека правото на протест е уставно загарантирана право меѓутоа апсолутно не сметам дека треба да се злоупотребува во политички цели. Ние веќе го започнавме процесот на разговори и пронаоѓање на партнери за следниот период, за циклусот на локални избори, еден дел од преговорите постепено веќе се заокружуваат други траат а трети допрва ќе почнат, рече Филипче.
04.05.2025 - 13:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа