„Секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба" - РСБСП со апел за Први Мај

 

По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и да се вози одговорно.

Посочуваат дека во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места.

- Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици. Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол. Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот. Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта. Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот. Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања. Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на нив задолжително на глава да носат сигурносна опрема - кацига, се вели во соопштението.

РСБСП апелира да се почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

- Секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас! РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници, се наведува во соопштението. 

30.04.2025 - 08:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега