Обвинителите се сретнаа со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс

 


Јавниот обвинител и тимот обвинители што постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите oд трагедијата.

Од Обвинителството, по средбата, соопштија дека семејствата биле информирани за досегашниот тек на истражната постапка.

„Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан“, велат од Обвинителството.

На семејствата им била најавена и динамиката на претстојните распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.

Истовремено, биле запознаени со јавниот повик до граѓаните што имаат сведоштва за пожарот и докази за работењето на „Пулс“ да ги споделат со истрагата.

29.04.2025 - 15:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега