Одземен пасошот на претседателката на Антикорупциска
Во врска со акцијата „Адитив“, Основниот кривичен суд Скопје донесе решение за осомничената Т.Д. Откако беше изведена пред судија на претходна постапка и се произнесе по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за определување мерки за претпазливост, судот го прифати предлогот на обвинителството.
Согласно донесеното решение, на осомничената Т.Д. ѝ се определуваат следните мерки за претпазливост: привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана за преземање на одредени работни активности кои се поврзани со кривичното дело за кое се сомничи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа