Почина колегата Илче Стојаноски
Почина новинарот и публицист Илче Стојаноски, истакнат хроничар на охридската историја и култура.
Стојаноски беше познат по серијалот „Охрид во моите спомени“, составен од 80 получасовни документарни емисии во кои преку разговори со постари охриѓани се документираше богатото минато на градот. Овие емисии, пренесени на ДВД, беа промовирани во рамки на чествувањата на празникот посветен на Свети Климент Охридски, и претставуваат значаен придонес кон зачувувањето на локалната историја и јазик.
Покрај аудио-записите, Стојаноски е автор на неколку книги, меѓу кои „Кажвиме за да не се заборајт“, „Охридски времеплов 1848-1948“ и „Охридски вистини – случки, приказни и факти“. Неговата работа беше призната со бројни награди, вклучувајќи ја и Повелбата „Свети Климент Охридски“ од општина Охрид во 2007 година за особен придонес во развојот на културата.
Во 1999 година доби награда од Здружението на новинари на Македонија.
ЗНМ изразува длабоко жалење за загубата на колегата Илче Стојаноски и сочувство до семејството и пријателите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа