И докторката била повредена - детали од нападот врз екипата на Итната помош во Скопје

 

Засега непознати насилници ноќеска околу полноќ нападнале возило на Итната медицинска помош. Инцидентот се случил 20тина минути по полноќ, кај Центарот за зависници во скопска Кисела Вода.

Според информациите од Итната медицинска помош, со повреди се здобил возачот на возилото, кој имал скршеница на раката и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно бил опериран на Клиниката за трауматологија. Полесни повреди заработила и докторката која била во комбито, но, таа била пуштена на домашно лекување.

- Вакво нешто досега се нема случено во нашата работа, вели Татијана Баевска – Вучковиќ, директорот на Здравствен дом Скопје

Група млади, засега непознати лица го нападнале возилото додека се паркирало.

 - Возачот излегол да ја разбие групата, но бил нападнат од лицата. Кај пациентите по инцидентот, пратена е друга екипа. Возачот успеал самиот да се довезе до Ургентниот центар и покрај тоа што имал фрактура на подлактица, информира Баевска – Вучковиќ.

 

01.01.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега