Петмина повредени во сообраќајка со три возила на автопатот Гостивар-Тетово

 

На 15.04.2025 во 19.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, после клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.А.(30) од Велес, патничко возило „бмв“ со гостиварски таблички, управувано од И.П.(42) ОД Гостивар и патничко возило ,,хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од с.Камењане.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Голф“, Е.Е.(36) од Скопје, додека тројцата возачи и една сопатничка од голфот се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

16.04.2025 - 19:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега