Какво ќе биде времето вечерва?

Времето во Македонија ќе биде облачно, по одделни котлини магливо. За време на новогодишната ноќ ќе се задржи облачно, тивко и не многу студено со магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје со ниска облачност, а во текот на ноќта со магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до четири степени.

И во наредните денови не се очекува некоја позначителна промена на временската состојба. И натаму по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. 

31.12.2013 - 08:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега