Тргнал по изгубени кози завршил во смрт - утврден идентитетот на човекот што загина на Галичица

 

40 годишниот Флоријан Џера од селото Аларут во Подградец, Албанија е лицето кое денеска го загуби животот на Галичица откако подна во бездна, информира полицијата.

Тој заедно со уште три лица, албански државјани тргнал во потрага по изгубени кози. Поради лошите временски услови и маглата, тие изгубиле ориентација и без да знаат преминале на македонска територија. 

Кога забележале дека времето се подобрува, веќе биле на опасен терен, на сртот на највисокиот врв Магаро по што се обиделе да се вратат на албанска територија. 

Тоагаш Флоријан паднал во провалија длабока 500 метри. Луѓето кои биле со него успеале да се спуштат до него, но поради сериозните повреди тој починал на лице место.

30.12.2013 - 23:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега