Почит за жртвите во Кочани: Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
Градот Перт во Австралија, каде што живее бројна македонска заедница, изрази сочувство за сите загинати и повредени во трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 176 се повредени.
По тој повод, Домот на Советот во центарот на градот вечерва по локално време покриен со црвено-жолти македонски бои за да се изрази почит, тага и поддршка за сите жртви, нивните семејства и сите граѓани кои тагуваат поради оваа трагедија.
19.03.2025 - 12:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа