Водовод најави исклучувања - Повеќе населби без вода
Во повеќе делови од Скопје според најавите на ЈП Водовод и Канализација денеска ќе нема вода. Се работи за повеќе улици во Центар и Карпош.
Според информациите од ЈП Водовод и Канализација, поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски“ бр.1 во општина Центар, во периодот од 08.30 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата.
Поради дефект на улицата „Дане Крапчев“ бр.21, исто така, во општина Центар, во периодот од 08:30 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улица „Дебарца“, „Дане Крапчев“ и „Славка Недиќ“.
Вода денеска од 09:30 до завршување со работните обврски поради водоводен приклучок на ф 100 мм на улица „Женевска“ бр. 35 ќе немаат и корисниците на дел од улица „Женевска“ и улица „Бањалучка“, (Општина Карпош).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа