МВР со детали за пожарот во Кочани
На 16.03.2025 околу 02.35 часот во ОВР Кочани било пријаено дека во кочанската дискотека „Пулс“ избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата „ДНК“.
Ангажирани се полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, Одделот за форензички испитувања, Единицата за антитероризам, Одделот за криминалистичко разузнавање и анализа, Одделот за криминалистичка полиција и други. Се постапува во координација со Министерството за здравство и Центарот за управување со кризи. Увидот го води тим од јавни обвинители, а Одделот за форензички испитувања при МВР им асистира во постапувањето. Од страна на МВР обезбедени се болниците каде се сместени повредените и во зависност од повредите ќе бидат извршени разговори со сите контактибилни лица. На сите повредени кои се згрижени во болниците во Скопје, им е укажана лекарска помош. Од страна на службеници на СВР Скопје извршени се разговори со над десетина лица кои се хоспитализирани во скопските болници. Извршен е разговор и со еден од членовите на групата „ДНК“. Распишана е централна потерница за четири лица. Од страна на МВР, во координација со Јавното обвинителство, се постапува во овој момент и во Министерството за економија, од каде се обезбедува документација поврзана со предметната дискотека, како и лица поврзани со истата. До 11.30 часот, според моментално расположливите информации, починати се вкупно 59 лица. Од нив, 35 се идентификувани. Од идентификуваните, 31 лице е од Кочани, а 4 од Штип. Бројот на повредени по последните информации до 12.00 часот е 155 лица и истите се наоѓаат низ повеќе болници во државата. Во оваа ужасна трагедија животот го загуби и еден полициски службеник, од ПС Пробиштип, кој во моментот бил службено ангажиран и постапувал по претходно изготвен план за контрола на угостителски објекти во делот на недозволена трговија со дрога и присуство на малолетници во предметната дискотека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа