Радев: Бугарија ја споделува болката со македонските граѓани
Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев.
Шефот на бугарската држава разговарал со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразил сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски.
- Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош, изјави Радев.
16.03.2025 - 11:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа