Ужасна ноќ: ДНК имале концерт во дискотеката кога избувнал пожарот
„Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.
Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат 20 до 50 жртви. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи.
Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани и Р. Македонија, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК“, соопштија Пожарникари – Струмица, на својата ферсбук страница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа