Aвион исчезна од радарот во Словенија
По осум часот во реонот на Велика Планина исчезнал помал авион Пајпер кој полетал од Загреб, покажуваат податоците на порталот Flightradar24.
Полициските службеници од Љубљана потврдија дека во тој реон е во тек акција за пребарување. Се претпоставува дека дошло до авионска несреќа.
Подоцна соопштија дека околу 9:30 часот биле известени дека е прекината комуникацијата со помалиот авион и контролата на летање.
– Контактот со авионот засега е изгубен од непозната причина во областа Велика Планина, каде во моментов полицијата и другите спасувачки служби преземаат активности. Потрагата е отежната поради екстремно лошите временски услови и слабата видливост, што го отежнува и летот на спасувачките хеликоптери – се наведува во соопштението.
Според првите информации во авионот имало едно лице. Во акцијата покрај полицијата и пожарникарите се вклучени и планински спасувачи од Камник и Целје, пренесува kamnik.info.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа