Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

 

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во текот на вчерашниот ден почнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2025 година.

-Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка можат да ја подигнат готовината од банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од  5 март 2025 година, велат од Министерството.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, додаваат оттаму, за корисниците кои не користат картички, исплатата се спроведува во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 5 март за лицата чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ и на 6 март на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. 

06.03.2025 - 10:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега