Мицкоски се сретна со Орбан: Зајакнување на економската соработка, инвестиции, енергетика, инфраструктура и европскиот пат на Македонија - тема на разговор

 

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографии од пречекот на македонската владина делегација од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Информираше дека веќе се сретнал со Орбан.

-Во рамки на самитот остварив средба со премиерот Orbán Viktor, при што разговаравме за клучни прашања од заемен интерес, зајакнување на економската соработка, инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и европската перспектива на Македонија, вели Мицкоски.

04.03.2025 - 11:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега