Хорор на летот на „Јунајтед ерлајнс“ за Хјустон: Петмина патници со повреди пренесени во болница
Најмалку пет патници на летот на „Јунајтед ерлајнс“ за Хјустон се повредени синоќа кога авионот наишол на силни турбуленции што го принудиле да слета неочекувано, објави денеска „Њујорк пост“.
Авионот, со 29 патници и тројца членови на екипажот, полетал од Спрингфилд, Мисури, но поради турбуленции бил пренасочен кон регионалниот аеродром Вако, изјави координаторот на Канцеларијата за управување со вонредни состојби во округот Мекленан, Рајан Диркер.
Петмина повредени патници се пренесени во блиската болница со повреди кои не се опасни по живот.
Скај Вест, кој го реализираше летот, соопшти дека авионот безбедно слетал откако навлегол во турбуленции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа