„Маск краде од вас“, „Маск мора да се запре“: Протести против Маск низ САД

 


Девет лица беа уапсени за време на протестот пред салонот на „Тесла“ во Њујорк минатата сабота, каде толпата протестираше против улогата на сопственикот на компанијата Илон Маск во масовните отпуштања во федералната администрација на барање на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Полицијата соопшти дека се собрале неколку стотици луѓе, а протестот бил дел од пошироката акција наречена „Tesla Takedown“, која се одржа низ САД и беше насочена против Маск, кој раководи со Одделот за владина ефикасност на Трамп (DOGE).

Протести се одржаа и пред салоните на „Тесла“ во Џексонвил, Флорида, Тусон, Аризона и други градови. Учесниците го блокираа сообраќајот, извикуваа слогани и носеа транспаренти со пораки како „Запали ja Тесла: Спаси ја демократијата“, „Нема диктатори во САД“, „Бојкотирај ја Тесла“, „Маск краде од вас“, „Маск мора да се запре“ итн.

03.03.2025 - 10:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега