Шумахер ја повредил главата на скијање - со хеликоптер пренесен во болница

 

Седмократниот светски првак во Формула 1, Мајкл Шумахер, со хеликоптер бил пренесен во болница, откако си ја повредил главата на скијање во Мерибел.

- Со хеликоптер е пренесен во болница во Гренобле. Засега не ни се познати никакви детали, како ни тежината на повредата. Полицијата моментално го истражува инцидентот, за кој не сме сигурни дали се случил на стазата или надвор од неа, вели директоротна скијалиштето во француските Алпи.

Според првите информации што ги пренесува RMC Sport, Мајкл Шумахер не е во животна опасност и неговата повреда не била толку серриозна колку што се претпоставувало на почетокот.

-Мајкл Шумахер беше во шок, но, беше при свест кога беше пренесен во болница. Не скијал на стазата во моментот на несреќата, но, за среќа носел кацига кога паднал и со главата удрил во камен, вели директорот на стазата во Мерибел.

 

29.12.2013 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега