Стружанец си се застрела во око
Стружанецот Ј.А. заработи сериозна повреда на окото, откако вчера ненамерно се застрелал со ловна пушка.
Како што информираат од полицијата, вчера наутро, 42 годишниот Ј.А. пукал со неговата ловна пушка, но сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото.
Стружанецот е пренесен вострушкиот Медицински Центар од каде поради сериозноста на повредата е префрлен во Болница Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.
29.12.2013 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа