Дознајте каде ќе одат политичарите за Нова Година

Министрите, градоначалниците и политичарите од власта и од опозицијата планираат Новата година да ја дочекаат во скромна атмосфера, пишува Фактор.

-Ќе бидам на работа до 19 -20 часот, а потоа ќе бидам дома, открива за Фактор министерот за финансии ЗОран Ставрески.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

„Деветта година по ред, традиционално ќе бидам со штитениците во Заводот за рехабилитација Бања Банско“.

Иво Ивановски, министер за информатичко општество

„Новогодишната ноќ ќе ја поминам во домашна атмосфера. Секако, малку ќе поминам и скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек“.

-Новогодишната ноќ ќе ја поминам дома со семејството и со пријатели. А за Божиќните празници ќе бидам во Крушево, Кире Наумов, СДСМ.

Илчо Захариев, градоначалник на Штип

„15 години за Нова Година сум дома, па така и оваа година нема да ја нарушам традицијата. Останувам во домашна атмосфера со сопругата. Секако  ќе бидам и на плоштадот во Штип каде организираме мала новогодишна забава со штипски пејачи, а ќе настапува и Маја Вуќичевиќ. Општината обезбеди храна и пијалоци за 2.000 граѓани, односно за оние кои немаат можност да отидат некаде. Исто така ќе ги посетам и противпожарната бригада, како и болницата во Штип. Следниот ден, односно на први јануари 2014 година ќе ја посетам мојата мајка во родното село, каде го наоѓам својот мир“.

-Ќе бидам на скверот Јадран, во склоп на манифестацијата Град во градот, која ја организира нашата општина. Очекувам Суперхикс и Прљаво казалиште да приредат одлична забава, вели за Фактор, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Диме Спасов, министер за труд и социјална политика

„Новогодишната ноќ ќе ја минам дома со семејството“, изјави Диме Спасов за Фактор.

Повеќе информации прочитајте на Фактор.мк

29.12.2013 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега