Вработениот преплашен касата празна - маскирани разбојници испразнија бензинска на Макпетрол
Двајца маскирани разбојници рано утринава ја ограбиле бензинската пумпа на Макпетрол лоцирана кај местото „Штипска петља“ во Велес.
Според информациите од полицијата, разбојниците му се заканиле на вработениот со нож и од него украле 43.000 денари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
29.12.2013 - 13:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа