Завршил на Ургентен поради 300 денари - се пролеа крв на „Партизанска“ во Скопје
Засега непознати разбојници ноќеска нападнале и ограбиле млад тетовчанец.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил ноќеска околу 1:15 часот, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Групата разбојници го нападнале 30 годишниот А.С., му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало околу 300 денари.
ТЕтовчанецот бил пренесен во скопскиот Ургентен центар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
29.12.2013 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа