Папата има „блага треска“, но е стабилен

 

Папата Франциско, кој во петокот беше пренесен во болница на лекување на бронхитис, има респираторна инфекција, но е во стабилна состојба, соопшти Ватикан.

„Светиот Отец беше подложен на специјалистички прегледи и почна со фармакотерапија во болницата“, се вели во соопштението на Ватикан.

Првичните наоди покажаа инфекција на респираторниот систем“, се додава во соопштението.

Клиничката состојба му е добра, има блага температура“.

Папата Франциско во петокот беше пренесен во болница на тестови и продолжување на лекувањето на неговиот бронхитис, соопшти претходно Ватикан.

Франциско, папа од 2013 година, боледуваше од пневмонија и голем број други здравствени проблеми во последните две години.

14.02.2025 - 22:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега