Лазаров: Повредата не е толку страшна колку што дојде во најлошо време

 

Еден од најдобрите ракометари на Македонија Филип Лазаров зборува за престојното ЕП и повредата која што дојде во незгоден момент пред престојното ЕП.

„Се чуствувам разочарано зошто нема да настапам на Европското првенство.Повредата не е толку стршна колко што дојде во најлошо време за мене.Се работи за скршеница на дланката кој што дојде по еден најнормален дуел на тренинг. За жал среќата ми била таква да ми се случи токму ова. Деновиве ке одам на операција, по која во првите две недели ке морам да мирувам, а веќе во наредните недели ке почнам со кондициони тренинзи. Кон крајот на јануари очекувам да бидам целосно подготвен за предизвиците што не очекуваат на клубски план” 

“На колегите од репрезентација им посакувам да ги послужи здравјето, а на теренот им посакувам среќа која што со сега и не не следи баш, и поради тоа очекувам токму на првенството да ни се врати барем малку. Верувам во нивните квалитети дека ќе издвојуваме минимум една победа во групната фаза која што ќе не однесе во најдобрите 12 и ќе ни отвори шанса за подобар пласман и рејтинг кои што би ни значеле многу за понатака”

Филип одговори и за тоа каде ќе ги мине новогодишните празници:

“Новата 2014 година,ќе ја дочекам во домашна атмосфера, постоперативно, заедно со најблиските пријатели”

Филип испрати и честитка до навивачите на РК Вардар и желби за своите соиграчи од тимот.

“Им посакувам на нашите фанови многу среќа и љубов во новата 2014 година, и секако се разбира задоволства што ке се потрудиме да и им ги обезбедиме ние со добри игри и победи. Воедно би сакал и на моите колеги да им посакам што помалку повреди и порази во новата 2014 и нормално повеќе успеси и исполнување на нашите желби, а тоа се влез во најдобри 16 во Лигата на шампионите и титула во домашното првенство”

Екипата на РК Вардар му посакува што поскоро опоравување на нашиот капитен и исполнување на сите желби кои тој ги наведе.

29.12.2013 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега