Еден загинат татко и син се борат за живот - крвава трагедија на патот Прилеп-Битола

 

Eдно лице загинаа две се тешко повредени по страотната несреќа која утрово се случила на патот Прилеп-Битола.

Според информациите на порталот 10без10, несреќата се случила близу селото Тополчани, кога прилепчанецот Ѓорѓе С. со својот „Фолксфаген' се судрил со кавадаречкото „Фијат Пунто“ во кое се превезувале татко и син.

Фолксфагенот се запалил и 58 годишниот Ѓорѓе го загубил животот, додека таткото И.М. и неговиот 27 годишен син Влатко биле тешко повредени.

На лице место интервенирале противпожарната единица и итната медицинска помош.

Патот Битола – Прилеп неколку часа бил затворен за сообраќај а автомобилите биле пренасочувани по стариот пат.

Се работи на откривање на причините за несреќата.

29.12.2013 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега