Ќе се кандидира ли Јакимовски повторно за градоначалник?

 

Стевче Јакимовски се уште нема одлучено дали ќе биде дел од трката за градоначалник. Тој за „24 анализа“ изјави дека се уште не размислил дали ќе трча по нов мандат за градоначалник, па ќе размислува до јули или август.

-Како досега, така и отсега. Ќе видиме. Немам донесено одлука. Се уште е рано за таа работа, според мене. Зависи од околности, расположение, анкети…Многу работи, изјави Јакимовски за „24 анализа“.

Јакимовски беше градоначалник на Карпош во минатотот, а на  последните локални избори освои 14.838 гласови.

Тој неодамна даде свое мислење и за трагедијата која ја потресе Македонија, кога загина младата Фросина Кулакова од Неготино, на пешачки кај Силбо, на Партизанска, откако на неа налета Васил Јованов и ја прегази.

- „Што мајка треба да те роди за да возиш 130 на Партизанска"?, рече тој во „Само вистина".

Додаде и дека не може да види полицаец низ градот.

- Кај мене до општината, континуирано се вози во обратен правец и кога разговарам со командирите и началниците да пуштат полицаец, за еден ден ќе ја вади платата за цела полициска станица, ќе ви кажат дека немаат луѓе. Добро, за што имаме ние луѓе во оваа држава?, изјави тој.

 

11.02.2025 - 08:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега