Научно откритие: Климатските промени го намалуваат интензитетот на екстремните студови

 


Според едно кинеско-американско истражување, климатските промени предизвикани од човекот го намалуваат интензитетот на екстремните студови.

Истражувањето било објавено во списанието „Climate and Atmospheric Science“ и се фокусирало на силниот студен бран што ја зафатил Источна Кина во декември 2023 година. Научниците откриле дека главниот фактор за екстремниот студ биле невообичаени атмосферски циркулациски модели, но дека глобалното затоплување ја намалило неговата сила за околу 22 отсто.

Професорот Цјан Чен од Институтот за атмосферска физика изјавил дека овие наоди потврдуваат дека климатските промени предизвикани од човекот ги ублажуваат екстремните студени појави.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека човечкото влијание ја намалило веројатноста за појава на слични студени бранови за 92 отсто, а нивната просечна температура е зголемена за 1,9 степени Целзиусови во споредба со хипотетичка ситуација без човечко влијание.

Научниците предвидуваат дека екстремните студови ќе стануваат сѐ поретки и поблаги до крајот на векот. Сепак, тие предупредуваат дека екстремниот студ нема целосно да исчезне и дека општествата мора да бидат подготвени за ненадејни температурни падови, дури и ако се постигне климатска неутралност.

11.02.2025 - 17:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега