Гром удри во Србија: Уапсени уште 128 наркодилери
Во полициската акција против нарко мафијата изутринава се приведени 128 лица и извршен е претрес на 1.165 објекти низ Србија, пренесува Танјуг.
Српскиот прв заменик премиер Александар Вучиќ денеска изјави заедно со претходната полициска акција „Гром“ вкупниот бројот на приведени криминалци изнесува околу 500 лица.
Денешната акција „Гром-1“ е спроведена на територијата на цел Србија со цел за разбивање на нарко мафијата во земјата.
Вучиќ информираше дека нема системска врска меѓу државата и криминалците и дека доказ за тоа е што ниту една информација на акцијата „Гром-1“ во која се приведени значајни имиња од нарко мафијата не протекла. Според него во акцијата се уапсени и голем број сериски убијци, лица кои имаат извршено неколку убиства, разбојништва и други дела.
Српскиот јавен обвинител Загорка Доловац изјави дека во акцијата „Гром-1“ се уапсени сериозни нарко имиња кои биле на врвот на пирамидата и порача дека никој не е посилен од државата.
Директорот на полицијата Милорад Вељовиќ изјави дека во акцијата „Гром“ се работело и на сузбивање на мрежата за продажба на наркотици, но и на апсење на лица кои претставуваат опасност за имотната и лична безбедност на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа