Фирмите во Македонија не ги проверуваат вработените дали пијат или се дрогираат

Сите оние кои милуваат да се напијат повеќе од потребното, како и оние кои секојдневната здодевност ја разбиваат со полесни дроги, нема да бидат подложни од страна на нивните работодавци да направат тестови за ваков тип на зависности од едноставна причина што во Македонија не постои закон ниту политичка волја да се донесе ист таков пренесува Нова Македонија.

Проблем настанува и со тоа што работодавците се плашат дека на тој начин ќе прекршат некаков закон за работни односи и приватност.

На запад во САД целосно е применет законот за тестирање во законските рамки уште во далечните осумдесетти години. Речиси сите развиени земји го користат во моментите кога се аплицира за работното место.  

Пороците од друга страна лошо влијаат на продуктивноста, ја зголемуваат стагнацијата на економијата и се стравотно лоша навика, која ги нарушува меѓучовечките односи. Не треба да ги споменуваме повредите на работното место, несреќите, навредите и тепачките меѓу вработените, нарушувањето на угледот на фирмата.

28.12.2013 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега