Македонската полиција “лапна“ уште 3.600 петарди
Maкедонската полиција одзела 3.600 петарди од 36 годишниот тетовчанец Л.А., кој продавал пиротехнички средства на импровизирана тезга близу влезот на зелениот пазар во Тетово.
Според информациите од полицијата, Л.А. бил приведен во полициска станица и по извршениот разговор е пуштен.
По целосно расчистување на случајот, се очекува соодветен поднесок против Л.А.
28.12.2013 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа