Гром удри по дилерите на дрога - претреси во 1000 објекти
Повеќе од 1000 објекти во Белград се цел на полициски претрес во големата акција за сузбивање на трговијата со дрога која српската полиција ја води под оперативното име Гром еден. Според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми, се приведуваат луѓе кои се занимаваат со продавање на дрога но се вмешани и во други кривични дела како загрозување на безбедноста на граѓаните.
Ова е практично продолжение на акцијата Гром од 6 декември кога полицијата процесуираше пријави за 274 лица и пронајде 21 килограм дрога.
28.12.2013 - 11:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа