Организирал борба со кучиња: Осуден на рекордни 475 години затвор

 


Винсент Лемарк Бурел, од американската држава Џорџија, е осуден на 475 години затвор поради организирање борби со кучиња и суровост кон животните. Оваа казна е најдолгата досега изречена за вакво злосторство во САД.

Судијата Дин Ц. Бучи го осудил Бурел по 93 точки од обвинението за борби со кучиња и 10 точки за суровост кон животните. Бурел ги негирал обвинувањата.

Во 2022 година, 107 кучиња биле спасени од неговиот имот, каде што биле чувани во лоши услови и злоупотребувани. Истрагата започнала откако доставувач забележал кучиња врзани со тешки каишки и пријавил кај властите. При претрес на имотот, полицијата нашла кучиња со знаци на злоупотреба, неухранетост и без соодветни услови за живот. Многу од нив биле врзани на начин што им предизвикувал повреди, со цел да се зголеми нивната агресивност.

Ветеринар кој ги прегледал кучињата потврдил дека некои од нив имаат повреди од борби. Кучињата биле запленети и згрижени од страна на здружение за заштита на животни.

04.02.2025 - 14:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега