Предизвикал пожар и избегал - Македонската полиција го фати
Полициски службеници од Полициската станица Кочани по полноќ го лишиле од слобода 64-годишниот Г.Г. од селото Жиганци, општина Чешиново – Облешево.
Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип - Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема.
Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик.
04.02.2025 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа