Хрватска: Во акцијата „Хипократ“ паднаа 364 лекари
Хрватското обвинителство во рамките на аферата „Хипократ“ поднесе обвинение против 364 лица и фармацевтската компанија „Фармал“ поради здружување за извршување кривични дела, поткуп, злоупотреба на моќ и авторитет и поттикнување на злоупотреба на службена положба и овластувања.
Станува збор за обвинение со кое се опфаќаат најмногу луѓе во историјата на хрватското обвинителство. Меѓу обвинетите се околу 300 општи лекари и фармацевти.
Во обвинението се вклучени раководните членови на фармацевтската компанија „Фармал“ кои се обвинети дека преку мрежа на посредници, нуделе и давале мито на општи лекари и фармацевти за препишување на пацентите лекови од компанијата.
Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал синоќа објави дека меѓу обвинетите се и претседателот на управниот одбор на Фармал, извршната директорка за корпоративни работи, директорката за контрола на продажба и регионални директори од секторите југ и север.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа