ФОТО: Мицкоски на пауза на пратенички прашања го прослави именденот на синот
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера на својот Фејсбук профил објави дека има многу работни обврски, па успеал да го прослави именденот на неговиот син Антониј на паузата за време на пратеничките прашања.
- За именденот на постариот син Јован, не успеав да бидеме заедно. Бев во САД кога ја предводев државната делегација. Се поретко сме заедно, но на деновите кои ми значат правам се за неколку мига поминати заедно, па кога и тоа е на малата пауза за пратенички прашања. Среќен роденден и именден сине Антониј, напиша Мицкоски на Фејсбук.
31.01.2025 - 08:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа